Македоника Литера

Мудроста на Конфучиј: Научете да бидете врвен лидер

Каспер Ших

300 мкд.

188 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

   „МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших е врвна книга за врвно лидерство, заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла.  Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфучиј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер. 

     Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфучиј (познати и како „Лун Ји“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или завладеење со една земја. „Гледиштата на Конфучиј за принципите на односот надреден –подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших.

    „Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање н себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа... Конфучиј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа`. `Ако ги водиш луѓето доблесно...

Шаманизмот во македонската народна традиција

  Ана Витанова-Рингачева

  400 мкд

  Прочитај извадок

    „Шаманизмот во македонската народна традиција“ е научен труд со повеќеслојна структура и
содржина. На крајот се објавени и фолклорисички и етнографскии прилози.
Овој труд го претставува шаманизмот како културен и религиозен феномен, во неговите
основни историски и културни видови, почнувајќи од неговата генеза, па сè до неговата
рефлексија врз...

Цветен пазар

  Атанас Крлевки

  

 

    „Цветен пазар“ на македонскиот афористичар Атанас Крлевски содржи близу 400 афоризми посветени на жената, а поделени во два циклуса: „Една жена – цвет, две жени – букет“, три жени – цветен пазар!“ и „ Бракот е последната глупост на ергенлакот“, а на крајот се објавени осврти за афоризмите на Крлевски од Ана Витанова-Рингачева, Душко Кралевски и Сашо Бетоски.

   

„Жената...

Миладиновци

 

  Науме Радически

  100 мкд

    Научниот труд „Миладиновци (три аналитички ретроспекции)“ на проф. д-р Науме Радически е првата објавена публикација на Здружението за наука, уметност и култура „Хоризонти 12“ од Мешеишта – Охридско, кое е формирано во 2012 година, кое има триесетина членови од охридско-струшкиот регион, и кое, меѓу другото, планира да развива издавачка дејност. 

   

     Како...

Библиотека

Аполодор
Библиотека
 (хеленска митологија)
250.00 ден.

Овој митолошки прирачник претставува опширен приказ на приказните за боговите и за хероите од богатата традиција на грчката митологија. Драгоценоста на делото се должи на неговата огромна документарна вредност.

Имено, делата, кои биле користени како извори за материјалот на ова митографско дело во голема мера се изгубени, па во таа смисла Аполодоровата „Библиотека“, како единственото во целост зачувано дело од долгата хеленска митографска...