Македоника Литера

Цветен пазар

  Атанас Крлевки

  

 

    „Цветен пазар“ на македонскиот афористичар Атанас Крлевски содржи близу 400 афоризми посветени на жената, а поделени во два циклуса: „Една жена – цвет, две жени – букет“, три жени – цветен пазар!“ и „ Бракот е последната глупост на ергенлакот“, а на крајот се објавени осврти за афоризмите на Крлевски од Ана Витанова-Рингачева, Душко Кралевски и Сашо Бетоски.

   

„Жената, љубовта и бракот се трите жаришта врз кои тлеат и искрат афоризмите на Крлевски. Во творечкиот опус на Крлевски, трите жаришта се само три распрснати искри од еден пламен. И во претходните свои книжевни остварувања, авторот не ја заобиколуваше жената, напротив, таа беше неодминлива инспирација за препознатливите „крлевизми“, единствени, оригинални и умерени. Луцидно, со внимателно одбрани зборови, жената се внесува како метафора, но истовремено таа е и муза на творечкото око на авторот: Постојат жени што лесно се сакаат, но до нив тешко се стигнува“, пишува Витанова-Рингачева во поговорот.