Аспекти на големобугарскиот шовинизам
втор дел
Константин Георгиев
500 ден.
256 стр., 240 х 170 мм, 2026 г.
„Филетизам или проклетство“ е капитален историографски и социолошки труд на универзитетскиот професор д-р Константин Георгиев од Софија, Р. Бугарија, кој поради репресиите што ги доживувал предвреме ја завршил својата кариера на универзитетски професор.
Првиот дел од овој обемен труд е веќе објавен на македонски јазик („Менора“, Скопје, 2016). Бугарското издание е на Бугарската лига за правата на човекот и граѓанинот, Софија, 1995 г. Поради важноста и вредноста на ова капитално дело за бугарската политика во изминатите 150 години и за филетизмот во Бугарија, кој посебно се одразува врз Македонците во таа земја, трудот на Георгиев се заокружува со публикувањето на овој втор дел.
Д-р Георгиев аргументирано и врз издржана фактографија и научна методологија ги разобличува бугарската политика и бугарскиот шовинизам, односно филетизмот во Бугарија и неговите погубни и неповратни последици врз Македонците во таа земја, кои, не само во пиринскиот дел на Македонија, туку и во голем број со присилни или принудни миграции се доселени од Егејска Македонија, но и од Вардарска Македонија.
Авторот на проблемот му приоѓа од многу поширок аспект и ракурс – не го третира и разобличува само филетизмот во потесна смисла на зборот, туку и воопшто големобугарскиот шовинизам и бугарската политика на непочитување на националните права на другите етнички заедници кои живеат во таа земја, бугарските национални митови и воведувањето на нивната романтична кауза за македонизмот како борба и негирање на македонството, односно на македонскиот...

_korica_.jpg)


