Македоника Литера

Апостол Петков (монографија)

Ванчо Ѓорѓиев

500 мкд

316 стр., 240 х 170, 2014

Монографијата за Апостол Петков авторот Ванчо Ѓорѓиев ја поднасловува со „Кралот на блатото“ и овој македонски војвода го претставува како бестрашен и горделив, кој иако бил неграмотен, со своите подвизи станал вистинска легенда уште за време на својот живот.

Населението во Ениџевардарско го нарекло „Ениџевардарско сонце“, а по своите епитети на автентичен и необично храбар и принципиелен војвода бил познат и во светот. „Тоа е човек за кого животот е борба, а борбата е начин на живот – пишува Ванчо Ѓорѓиев. Апостол Петков е автохтон војвода на македонското револуционерно движење и типичен пример на регионален водач со апсолутен авторитет. Неговото име приврзаниците го изговарале со восхит, а противниците со респект и страв.“

Тодор Александров (монографија)

Зоран Тодоровски

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ (монографија)

500 мкд

358 стр., 240 х 170 мм, 2014

Монографијата „Тодор Александров“ од Зоран Тодоровски е дел од едицијата „Македонски дејци“. Тодоровски го претставува како личност која оставила длабоки траги во македонското револуционерно движење, а уште повеќе во колективната меморија на македонскиот народ и намакедонските емигранти и бегалци во Бугарија. Монографијата е богата и со фотографии, од кои еден дел првпат се публикувани. Користени се и...

Невистините и вистините

Павле Раковски

Македонците и граѓанската војна во Грција. Т. 2, Невистините и вистините : (записи за македонската и за мојата борба)

300 мкд

302 стр., 200 х 140 мм, 2013

Полемичен и критичен. На лагите им се спротивставува со фактите. Аргументите ги изнесува отворено и документирано, како непосреден сведок и еден од главните организатори на македонското народноослободително движење во Егејска Македонија во Втората светска војна и за време на Граѓанската војна во Грција.

...

Историја на Чешка

Јан Рихлик, Владимир Пенчев, Новица Велјановски

500 мкд

582 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2014

  Во „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и Новица Велјановски, кој е и преведувач на дел од книгата, е опфатена интегралната историја на Чешка: од праисторијата па до 2013 година. Презентирани се шеснаесет периоди од историјата на Чешка, а на крајот се објавени и неколку прилози: географски карти, хронологија на поважните настани, список на владетели и државници низ историјата, како и...

Правната положба на Македонците во Југославија

Карл Штруп

300 мкд

170 стр., 200 х 140 мм, 2014

Карл Штруп е еден од неколкутемина германски научници што во првите децении на 20 век ја проучувале Македонија и напишале значајни книги за Македонија. Тој ја објавил најинтересната книга за политичките случувања во Македонија пред и по Првата светска војна.Во оваа книга зборува за поделбата на Македонија и за бесправната позиција на Македонците во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и сугерира на Македонија да ѝ биде дадена барем...