Павел Шатев
ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
(Материјали – том 1)
600,00 ден.
402 стр., Б5 (240 х 170)
МАКЕДОНИКА, во копродукција со Државниот архив на Република Македонија, ја објави книгата „Историја на Македонија“ од Павел Шатев, како прв том од оставината на Шатев, чии трудови досега речиси воопшто не се објавувани во Република Македонија. Изборот и преводот е на Предраг Димитровски, кој е автор и на воведот, а стручната редакција, коментарите и предговорот се на проф. д-р Зоран Тодоровски.
Со досега необјавената „Историја на Македонија“ Павел Шатев се легитимира за првиот македонски интелектуалец историограф кој ја користи научната методологија и кој пишува историја на Македонија. Во богатата оставина во ракопис на една од најзначајните личности од македонската историја – Павел Шатев, меѓу другото, се зачувани и повеќе трудови за историјата на Македонија, кои според опфатот на историските периоди, ја зафаќаат речиси интегралната историја на Македонија. На историјата на Македонија Шатев ѝ се посветил последните години од својот живот, користејќи и цитирајќи релевантна светска литература.
Трите пообемни труда на Шатев кои ја опфаќаат речиси интегралната историја на Македонија и претставуваат првата покомплетна Историја на Македонија, напишана од еден македонски интелектуалец се: 1) Македонија низ вековите. Македонија во древноста, средниот и новиот век; 2) Доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров. Ропство под владеењето на турските султани (пишуван во 1944 година во затворот во Ќустендил) и 3) Врховизам и централизам-федерализам. Два светогледа, два концепта.
На крајот на книгата, како прилог, е објавена и македонска хронологија изработена од Шатев, а која го опфаќа периодот од 1878 до 1903 година.
На почетокот на првиот дел, Павел Шатев ја наведува следната предговорна белешка:
„Трудот што настанува е само дел од историјата на Македонија низ вековите. Тоа е повеќе еден аспект во кој некои точки, што засегаат одделни прашања, до скоро спорни во науката, се разработени, уточнети, објаснети од лица специјалисти – археолози, историчари, етнографи, општественици. Со тоа се придонесува младото поколение да се запознае и осветли со редица прашања за кои толку живо беа заинтересирани сите наши млади и стари дејци и општественици.
Сѐ уште остануваат редица други прашања од долгата и исполнета со голема трагика историја на Македонија, кои ќе треба да се разјаснат, уточнат, што е работа, долг на нашите историчари, етнографи, археолози. Јас ќе сметам дека целта на книгата е постигната ако предизвика интерес кај некои историчари – специјалисти, со определени принципиелни и методолошко надминати појдовни позиции, да ги разработат, расветлат и уточнат и останатите прашања од историјата на Македонија од древноста до наши денови.“
Оставината на Шатев изнесува повеќе од 4000 страници во ракопис и уште три труда посебно објавени во Република Бугарија непосредно по Првата светска војна. Оригиналните ракописи и целокупното зачувано творештво на Павел Шатев се наоѓаат во Државниот архив на Хрватска, а микрофилмовите со право на објавување во 2012 година на новинарот Предраг Димитровски му ги отстапи Милка Шатева – ќерка на Павел Шатев. Во неколкуте тома од пишаната оставина на Шатев, покрај неговите трудови, документи и материјали, ќе бидат објавени и белешките за него и записниците од неговите сослушувања во некогашната ОЗНА, а сето тоа заедно ќе фрли нова светлина не само врз името и делото на еден од најзначајните македонски дејци на 20 век, туку и врз македонската историја. Како што Предраг Димитровски пишува во воведната белешка, пренесувајќи го и мислењето на Милка Шатева, „единствената грешка на нејзиниот татко Павел Шатев била што тој никогаш не се согласил да биде комунист и тоа го платил со својот живот. Дали тоа навистина било пресудно е работа на историчарите, но непобитен е фактот дека името на последниот гемиџија, бриселскиот доктор по право, конспиративецот и прв министер за правосудство на слободна Македонија стана парадигма за сликата на македонскиот револуционер. Двапати осудуван на смрт, еднаш од турскиот султан и вторпат од бугарскиот цар, и на двапати помилуван, стана жртва на сопствената Македонија на која ѝ го посвети целиот свој живот.“ Надвор од границите на поранешната Југославија (1984, преобјавен во 1996), а кој Ошлис целосно го преработи, дополни, го збогати со обемен вовед и го објави во 2007 година. Автор е на неколку книги објавени во Германија, меѓу кои „Македонија 2001 – 2004: Воен дневник од една мирна земја“ (2004), на студијата „Македонија“ во серијата „Студии за земји“ (2004), како и книга за мајка Терeза (2009).