Македоника Литера

Суво мастило

Владимир Илиевски

400 ден.

320 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020 г., второ изд.: 2024 г.

Прочитај извадок

    Дејството на романот „Суво мастило" на Владимир Илиевски го опфаќа бурниот период на преминот меѓу XIX и XX век и се одвива во неколку средини во Европа (Битола, Дрезден, Загреб, Софија...). Животните патишта на хрватски инженер и пронаоѓач и на македонски чорбаџиски син, студент по музика во Дрезден, се сечат во временски, просторни и судбински точки. Тие точки отвораат моќни егзистенцијални прашалници кои не се поврзани само со времето и просторот, туку се и универзални.    Авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост. Главниот лик, односно еден од трите главни лика во романот е хрватскиот пронаоѓач Едуард Пенкала, кој патентирал околу 80 пронајдоци, меѓу кои и хемискиот молив, наречен по него – пенкало. Романот се одвива на три нивоа, односно со три приказни раскажани во прво лице еднина од аспект на трите главни лика. Секоја дел е приказна за себе, но истовремено приказна која ја дополнува и приказната на другите два главни лика.
    Се добива впечаток дека секој дел може да егзистира самостојно, но ако се погледне, од аспект на затворената целина на романот, јасно се заклучува дека секој дел има јасна позиција и функција во прозната композицијата, и структурална и наративна. Иако раскажувањето е во прво лице еднина, во нарацијата се среќаваат три раскажувачки гласови. На овој начин јас-раскажувачот е разбиен на три одвоени раскажувачки потстила и секој од нив се одликува со сопствени карактеристики. Во раскажувачката...

Беседа на фауните том 3

  Ристо Давчевски

  200 ден.

  266 стр. / A5 формат (200x140)

  Прочитај извадок

    Ова е трет том од досега непубликуваните басни на македонскиот писател Ристо Давчевски (1935-2009), како дел од триесетлогијата во десет тома со заеднички наслов „Беседа на фауните“, содржи три книги со близу триста негови басни за млади и за возрасни: „Лагата не умира“, „Луда басна“ и „Сто и еден пријател“.    Од овој...

Беседа на фауните том 2

Ристо Давчевски

200 ден.

293 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

   Ова е вториот том од десетте тома со триесет книги басни од оставината на авторот. Вториот дел содржи  три книги: „Делачи на светот“, „Многу цареви“ и „Пеењето лавовско“ со близу триста басни. Трите книги се басни за возрасни, што е прв случај во творештвото од овој книжевен жанр.

   „Давчевски на басната ѝ дава една сосема поинаква форма, ја осовременува и ја доведува...

Човекот што ги сакаше калинките

 

   Душко Родев

   Награда „Роман на годинатаза 2010 година

   200 мкд

   132 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

     „Човекот што ги сакаше калинките“ е историски роман за вистински личности и автентичен настан од почетокот на 20 век. Кога познат и авторитетен македонски војвода, борец за ослободување, сака да се жени со девојка од својата чета, љубовта и за двајцата станува сурова и трагична. Страдаат поради апсурдот меѓу борбата за слобода и слободата на љубовта, поради...

Владимир Илиевски: Во сите книги вложувам многу енергија и се трудам да го извадам најдоброто од себе

 

 

ВЛАДИМИР ИЛИЕВСКИ: ВО СИТЕ КНИГИ ВЛОЖУВАМ МНОГУ ЕНЕРГИЈА И СЕ ТРУДАМ ДА ГО ИЗВАДАМ НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ

     

    Одблиску, да се запознаеме со  Владимир Илиевски, нашиот писател, поет, теоретичар.

    Во ова интервју поразговаравме на повеќе теми интересни за читателите:
За неговото творештво, инспирација, за неговата последна збирка раскази, "Пената на црниот бран", можете да прочитате во неговото интервју кое е во продолжение....