Македоника Литера

Земјотрес, 5:17

Владимир Плавевски

300 мкд

281 стр./ A5 формат (200x140)

      Најновиот роман на Плавевски се однесува за потресната катаклизма на Скопје на 26 јули 1963 година.

      Плавевски гради динамична и драматична приказна, сугестивно и сликовито ги опишува катастрофата, ужасот, траорот, животните премрежиња и страдањата на скопјани во земјотресот.

      Фикцијата на приказната се потпира врз многу веродостојни факти и документи, но и фактот што авторот е роден скопјанец и директен сведок на многу од опишаните настани сега преточени во уметничка проза – ја прават уште поуверлива приказната за Скопје во деновите пред и по земјотресот.

      Романот е посветен на трагични теми од историјата на градот, но во сите тие мачни, мрачни и тегобни сцени, слики и епизоди, најдолго се провлекува една љубовна приказна. Токму таа приказна е нишката која ги поврзува сите епизоди на ова дело.

      Нарачај