Македоника Литера

Италијанка

Џузепе Катоцела

500 ден.

298 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.

Најдобар италијански роман во 2021 година.

Романот „Италијанка“ е човечка, сентиментална и политичка приказна за Марија Оливерио, позната како Чичила, првата и един­ствена жена што предводел банда разбојници во новообединетата Италија од 1861 година, во она што никогаш не е раскажано во литературата за она што всушност било: првата италијанска граѓан­ска војна. Романот има за цел да ги надмине спротивставените реалистички и необурбонски визии за италијанското обединување, давајќи им глас на оние што се бореле во шумите и планините откако служеле како луѓе на Гарибалди и кои цврсто верувале во обединувањето како можност за модернизација и еманципација на Италија.

„Италијанка“ е моќен, суров и исклучително динамичен исто­риски роман кој го оживува ликот на една од најфасцинантните, но често заборавени жени во италијанската историја. Сместен во дивиот предел на Калабрија во 19 век, романот ја следи трансфор­ма­цијата на Марија од крајно сиромашна девојка во единствената жена-водач на бунтовничка чета за време на крвавото обединување на Италија.

Она што ја прави оваа книга толку впечатлива е способноста на Катоцела да ги спои суровите историски архиви со длабока емо­тив­на драма. Тој не го романтизира животот на бунтовниците, туку нуди искрен портрет на една жена водена од предавство, сиромаш­тија и незапирлива желба за слобода. Преку нејзините очи, авторот го демистифицира сјајниот мит за италијанското обединување, откривајќи ги бруталните неправди и длабокиот јаз меѓу Северот и Југот.

Ова е филмски напишана, епска...

Песната на воинот

Артур Лундквист

300 мкд

270 стр./ A5 формат (200 x 140), 2010

       Преведен на повеќе јазици. Приказната го следи кралот од лулката во Македонија до гробот, преку сите решавачки настани за време на неговиот освојувачи поход.

       Ги опишува и политичките состојби и животната приказна на големиот крал. Дава сестрана и избалансирана слика за големиот освојувач, без да го возвишува или потценува, ги прикажува неговите компликувани пориви, свесните и потсвесните димензии, доближувајќи го на...

Фабрика на смртта

Анджеј Барт

300 мкд

171 стр./ A5 формат (200 x 140)

      И кога веќе се тврди дека за холокаустот повеќе не може да се напише нешто ново, романот „Фабрика на смртта“ од Анджеј Барт се појави со иновативен начин на пишување за холокаустот.

      Авторот го води читателот во суптилно интертекстуално патување како сведок на страшните исповеди на луѓето кои се одговорни за трагедијата на Евреите.

      Анджеј Барт...

Тесла, портрет меѓу маски

Владимир Пиштало

Награда НИН за 2008 година

600 мкд

406 стр./ A5 формат (200 x 140)

      Вдахновена биографска хроника на еден од најголемите умови во човечката историја, кој светот го променил како никој дотогаш, многу повеќе отколку што се променил светот од времето од Платон до раѓањето на Тесла.

      Уште за негово време светот веќе не бил ист, уште тогаш животот веќе бил незамислив без неговите пронајдоци...

Нигде, одникаде

Беким Сејрановиќ

300 мкд

230 стр./ A5 формат (200 x 140 мм), 2008

Награда „Меша Селимовиќ” за најдобар роман објавен во 2008 година на подрачјето на Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора

   Автобиографска приказна за осаменото растење во разни културни светови и за потрагата по идентитетот.

      Главниот јунак често го менува местото на живеење и често се сели. Расте во Босна, тинејџерските години ги...