Македоника Литера

Вашето Височество Животно

Вјачеслав Купријанов

200 мкд 

      Во романот Купри­јанов се зафаќа со цивилизациските и антицивили­за­ци­ски­те димензии на човештвото, односно на нечовештвото.

      Тоа е роман на пародијата и алузијата. Во него е опишано тоталното оѕверување или оживотно­ру­вање, а во пародиска смисла тоа е очовековување на животин­скиот свет – процес што, како што пишува авторот, во современото време оди кон својот побе­­доносен крај. Во Русија романот е окарактеризиран како наследник на „Шинелот“ на Гогољ, каде што главниот лик се поја­­­вува по два века и во поинаква облека и со променета човеч­ка душа. Целосната преобраз­ба на човештвото во животински свет се манифестира во сè со што се сретнува човекот во таканаречената современа цивилизација. Главниот херој на романот не е човек, но не е ниту животно во кафез. Овде херојот е необичен литературен лик.

     Романот претставува антиутопија на реалноста на денешни­на­та. Навлегувајќи од една илузија во друга, авторот на инте­ре­сен, фантастичен и сатиричен начин, навлегува во проблемите на револуционерното и постреволуционерното руско општество. Но ова не е само антиутопија на револуцијата, туку и на еволуцијата на човековата совест. Летечкиот објект што се појавува врз зоолошката градина во Москва е моментот кога започнува големата преобразбата на животните коишто полека стануваат суштества што зборуваат, размислуваат и се подготвени да ја преземат контролата врз светот. Паралелно, меѓу луѓето се појавува вонземјанинот Наметка кој е дојден да ги измени историските настани и да ги дисциплинира луѓето, но и тој бива вовлечен во интригите на човештвото во кое луѓето сè повеќе наликуваат на животни.

...

Седум стравови

Селведин Авдиќ

200 мкд

158 стр./ A5 формат (200 x 140)


(Најдобра книга во БиХ во 2010)

      Романот „Седум стравови“ е одлично оценет од книжевната и новинската критика. Веднаш по објавувањето беше многу фален дури и наречен ремек-дело, „бомба од книга, ретко четиво со извонредно градена атмосфера“, „најдобра раскажувачка проза во Босна во 2010“...

      Почнува со булгаковски тип на фантастика во која нема јасни...

Мирна улица, дрворед

Нада Гашиќ

250 мкд 

258 стр./ A5 формат (200 x 140), 2012

      За својот прв роман Мирна улица, дрворед Нада Гашиќ е добитник на Наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за најдобро дебитантско дело на годината, а за својот втор роман Вода, пајажина е наградена со престижната Награда на Град Загреб и со највисоката државна награда во културата „Владимир Назор“ за најдобро книжевно остварување во 2010 год.

...

Неколку денови од август

Мирјана Дуганџија

200 мкд

197 стр./ A5 формат (200 x 140)

      Романот Неколку денови од август беше сметан за едно од најдобрите прозни дела во 2011 година во Хрватска – беше финалист на четири високи награди.

     Се одликува со висок естетски вдахновен и лиричен израз. Има сложена и амбивалентна раскажувачка структура, го опфаќа емотивното и рационалното, внатрешното и надворешното, приватното и јавното, личното и семејното. Неколку денови од август е сложен роман за личност...

Небото на паднатите

Јуриј Полјаков

250 мкд

170 стр./ A5 формат (200 x 140)

      Мега-хитот Небото на паднатите е еден од најчитаните романи на Полјаков, има петнаесет изданија на руски јазик и е продаден во стотици илјади примероци. Истовремено со излегувањето на македонското издание на книгата, се снимаше втор по ред игран филм според мотивите на ова дело.

      Ликовите во романот се обични човечки грешни души на коишто авторот, со...