Јоана Батор
300 мкд.
285 стр./ A5 формат (200x140)
Песочна Планина претставува сведоштво за животот на Песочната Планина во Валбжих. Раскажана е судбината на три жени – баба, ќерка и внука. Приказните за нив почнуваат и завршуваат во различни времиња и места, иако сите се вплетуваат на Бабел, како што локалните жители ги нарекуваат зградите на Песочната Планина. Дејството се одвива во период од половина век – втората половина на минатиот век.
Во приказните на Батор се кријат грешни љубовни врски, поделен идентитет, несигурност и фатални судбини. Таа смело навлегува во психата на јунаците од Песочната Планина. Раскажано е сè она што човек го помислува, но нема храброст да го каже.