Македоника Литера

Лиричност од Шекспирова

Ѓоре Ѓелев

200 ден.

76 стр. / A5 формат (200x140)

   „Лиричност од Шекспирова“ е дебитантска збирка поезија на Ѓоре Ѓелев. 

   Книгата содржи над четириесет песни. Поезијата е лирска, емотивна, искрена, има песни што потсетуваат на најдобрата традиција во македонската лирика, но и песни со свеж, смел и младешки израз и сензибилитет и авторска автентичност.

 

Постои ли допир на твојата душа

  Ненад Шапоња

  100 мкд

  114 стр. /A5 формат (200x140)

 

    „Постои ли допир на твојата душа“ е звирка поезија на  српскиот поет Ненад Шапоња. Книгата, која има поднаслов „Позиционирање на привидот“, содржи 49 песни и поеми, од кои еден дел се веќе објавени во негови книги и претставуваат своевиден тематско-мотивски збор, а на крајот е објавен и еден есеј во кој авторот го објаснува својот поетички дискурс во својата лирика.

    Ненад Шапоња...

Белутрак

Јордан Јорданоски

100 мкд.

161 стр./ A5 формат (200x140)

      „Белутрак“ е втора поетска книга на Јордан Јорданоски (1947 – 2017), писател и филолог, постхумно објавена од „Македоника“. Содржи 120-тина песни, поделени во седум тематски циклуси.

      Карактеристично за оваа поетска книга е што покрај лирското, нуди големо лексичко богатство, првенствено црпено од архаичната и локалната (дијалектната) лексика. Лексичкиот раскош на книгата произлегува од неговиот однос спрема македонскиот...

Еверест

Драго Гламузина

100 мкд

      Гламузина во оваа книга пишува за луѓето кои сè уште чувствуваат, кои сакаат да го живеат задоволството а секое задоволство скапо го плаќаат, но и живеат и копнеат за Другиот. Еросот, неверствата, љубовните триаголници, интригите и партнерските односи се доминанти мотиви, како и во сите досегашни книги на овој автор.

 

      Драго Гламузина (1967, Вргорац) дипломирал ком­па­ративна книжевност и филозофија на Фило­зоф­скиот факултет во Загреб...

Времепрашина

Науме Радически

100 мкд

101 стр./ A5 формат (200x140)

      Ова е шеста поетска книга на Радически (1953-2014), кој зад себе остави богат творечки и научен опус од областа на книжевноста и книжевната историја.

      Книгата содржи повеќе од седумдесет песни кои се поделени во три циклуси, од кои најобемниот е насловен како „Песни во настанување“, односно ги содржи последните напишани песни на авторот.

      Во книгата е објавен и поговор на Владимир Мартиновски, кој, меѓу...