Македоника Литера

Астрални проекции

Науме Радически


(второ издание – поезија и есеи, тврд повез)


250.00 ден.

140 стр./ 240 x 165

 

        Второ дополнето издание на поетската книга на Науме Радически „Астрални проекции“, којашто брзо се распродаде.

Првото издание беше објавеново 2008 година. Кон песните од оваа книга како поговор е приложен критичкиот текст „Возвишен пев“ на Светлана Христова Јоциќ, а ова второ издание е дополнето со уште еден дел со медитации, лирски есеи и проекции со наслов „Пресоздавање на времето“.

За „Астрални проекции“ може да се констатира дека станува збор за поезија која, очекувано, се препознава, особено ако се имаат предвид претходни поетски дела на Радически – „Контрасти“ и поемата „Преображение Човеково“. Во „Астрални проекции“ станува збор за еден подалекусежен поетско-истражувачки исчекор на авторот, а во однос на претходните книги авторот продлабочува некои поетски идеи и на некои мотивско-тематски рамништа се дорекува. Низ педесетината песни, поделени во неколку целини, поетот Науме Радически ги дорекува, всушност, своите мисловни, а уште повеќе емотивни проникнувања во заумните сфери на животот, на човековото битие и на неговото битисување со умот, односно, несфатливите кругови на просторот и на времето.

Волноумци

Трајче Кацаров
ВОЛНОУМЦИ(избор)
150.00 ден.

Во „Волноумци“ се објавени песни од претходните поетски книги на авторот: „Во подмишките на будилникот“ (1986), „Го следите ли Борхес“ (1991), „Дискретниот шарм на Кус Де Ру“ (1993), Регтајмот на господинот Налче“ (1998) и „Емигрантот Цвик“ (2003). Изборот се појавува 20 години по објавувањето на првата поетска книга на Кацаров, а е проследен со поговор од академик Милан Ѓурчинов.

Во поговорот, меѓу другото, акад. Ѓурчинов пишува: „Поетското...

Историја на војните

Саво Костадиновски

200 мкд

192 стр., 200 x 130

      Книгата содржи шеесетина патриотски и родољубиви песни, тематски поврзани првенствено со историјата на Македонија, нејзините историски премрежиња и пресвртници, значајни настани и знаменити личности, како и поговор и белешки на германскиот македонист и славист Волф Ошлис.

      Содржината и концепцијата на книгата ги појаснува и авторот во воведната белешка, во која пишува: „Не сум ниту првиот...

Мамасафари

Оља Савичевиќ Иванчевиќ

100 мкд.

147 стр./ 200x130 

Мамасафари (и други нешта) е книга на афирмирана и наградувана авторка во хрватската литература. За претходната книга Домашни правила ја доби награда за најдобра поетска книга за млад автор „Киклоп“ (и преведена на неколку јазици), а со „Мамасафари (и други нешта)“ беше финалист за истата награда.

 

Оваа книга е необично убава, необично конципирана и овозможува необично поетско доживување, песните во неа се...

Мај

Карел Хинек Маха
(поема)
100.00 ден.

Маха бил романтичар, но не од оној тогашен формат, како што пишува чешкиот поет и критичар Јиржи Шотола (во есејот Модерен поет), не бил мириз­лива душа, не бил распрашувач на илузии.

Не бил фантазер, добро облечен конте којшто седи на балкон загледан во луната. Не бил како Бајрон. За  тоа му недостигале пари, возвишени манири и соод­вет­но класно потекло. Маха бил сиромав, потекну­вал од сиромашно семејство. Живеел живот на вистин­­ски романтичар, и тоа...