Магдалена Хорват
Ова е таа, твојата
100.00 ден.
Како што пишува Зоран Анчевски во белешката за оваа поезија објавена во книгата, „песните во дебитантската збирка на Магдалена Хорват, се резултат на прецизна, јасна и сконцентрирана поетска потрага по тајните на искуството што може да се пронајде под и зад случајноста на настаните од нашето катадневје, кое се храни од сеќавањето.
Тоа се песни што ги (де)митологизираат детството и младоста; тоа се мудри (иако понекогаш навидум наивни), не само почувствувани, туку и добро осмислени песни, свесни за сопствената „јазичност“, што се гледа од бројните фонични, ритмички и други формални експерименти..., изведени со висок степен на познавање на поетскиот „занает“.
Во голем број песни од оваа збирка, Хорват го (пре)открива своето лично искуство или го (пре)создава на начин на кој тоа непосредно комуницира со читателот небаре е негово. Тоа е прв показател дека во случајов станува збор за поезија која не е резултат на младешки инстинкт, туку на длабоко почувствувана, обмислена и технички зрело изведена постапка.“