Македоника бр.23-24
Група автори
150 ден.
Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови тематски поврзани со Македонија. Владимир Јанев
пишува за демографската состојба во Македонија од 18 до почетокот на 20 век, во кој се изнесени голем број демографски податоци за населението на Македонија од различни
извори. Во овој број се објавени и неколку текстови за значајни личности од македонската книжевна и културна историја на Македонија од 19 и 20 век, и тоа Славчо Ковилоски објавува
запис, односно прави своевиден портрет на Марко Цепенков, Дарин Ангеловски пишува за Григор Прличев, со посебен акцент на Прличевите препеви на Хомеровата Одисеја, Васил
Тоциновски пишува за Кочо Рацин и изнесува некои нови и досега непознати податоци за Рацин, додека пак Мирче Нешовски пишува за Никола Јонков Вапцаров и за неговото поетско вознесение спрема Македонија.
Александар Симоновски прави анализа на паралелите меѓу АВНОЈ, Светосавскиот
конгрес и АСНОМ во контекстот на прашањето на борбата за македонска државност, а
Марјан Ивановски за македонското национално малцинство во Бугарија, осврнувајќи се на
анализите на комисијата за меѓународни врски на ЦК на Сојузот на комунистите на
Југославија и на СО на ССРНЈ во 1957 година.
Предраг Димитровски пишува за „тајната...