МАКЕДОНИКА 9-10
„Македоника“ бр. 9-10 содржи дваесетина текстови кои тематски се поврзани со Македонија, а кои ги афирмираат современите македонски културни вредности, македонската културна историја, културно наследство, историја, етнологија, литература, јазик...
Меѓу другото, објавен е извадок од полициското досие на Павел Шатев, а по повод објавувањето на деветте тома со пишана оставина на Шатев и документи поврзани со неговата дејност, објавени се текстови на Зоран Тодоровски и Јордан Плевнеш. Од германскиот истражувач на Македонија во првите децении на минатиот век Карл Штруп е објавен извадок од студија за правната положба на Македонците во тогашна Југославија (Кралството СХС), а Македонска Митрова пишува за мировните договори за Балканските војни и активноста на идеолозите на српската надворешна политика спрема Македонија. Стефан Влахов – Мицов го објавува текстот „ Од историја на Балканот кон филозофија на балканската историја“, додека Драган Зајковски пишува за статусот на Охридската архиепископија во првите децении по освојувањето на Самоиловата држава од Византија. Од Круме Кепески е објавена досега непубликуваната статија „Македонскиот јазик и литературата“. Науме Радически и Весна Мојсова – Чепишевска објавуваат студии за македонската литература создавана од писатели кои потекнуваат од егејскиот дел на Македонија. Васил Тоциновски се осврнува на досега необјавеното литературно творештво Константин Тренчев, од кое се објавени фрагменти. Во двобројот 9-10 објавен е и извадок од досега необјавениот роман на македонски јазик на руската писателка Нелја Гулчук „Тајната на Александар Македонски“, како и песната „Солунските браќа“ на словачкиот поет Франтишек Липка. Славчо Ковиловски...