Македоника Литера

Македоника бр. 3 и 4

МАКЕДОНИКА 3-4

Преземи

 

 

 

       Во двобројот 3-4 се објавени статии од Стефан Мицов Влахов, Горан Калоѓера (Хрватска), Мирослав Коуба (Чешка), Волф Ошлис  (Германија), Ангелина Бановиќ – Марковска, Танас Вражиновски, Катерина Мирчевска, Павле Раковски, Науме Радически, Љубица Јанчева, Катерина Тодоровска, Невен Радически, Стево Павловски и Олга Панкина. Објавените текстови се однесуваат на македонската еманципација кај Филип Втори и Александар Македонски; невклучувањето на македонската книжевност во "Југословенска книжевност" на Антун Барац во 1954 година; односот на Рајко Жинзифов спрема Полјаците; мемоарската литература на  германските војници како македонистички извори; националниот идентитет и македонската интелигенција во почетокот на 20 век; Јозеф Обрембски – истражувач на македонската народна култура; положбата на бегалците од егејскиот дел на Македонија; "Македонија екумена" на Сретен Перовиќ како ода на македонскиот национален идентитет; религијата и државата; Крсте Црвенковски, ЈНА и македонските национални интереси; балканските стереотипи во македонската драматургија..., а се објавени и германски и македонски документи за Македонија. И во овој број е објавена рубриката со библиографски описи на петнаесетина изданија посветени на македонски теми.

За списанието

          Друштвото за издвачка дејност МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА од Скопје првиот број на списанието МАКЕДОНИКА го објави во април 2011.

Главен и одговорен уредник на списанието е проф. д-р Науме Радически, а членови се уште проф. д-р Волф Ошлис и Нове Цветаноски. МАКЕДОНИКА концепциски и содржински се разликува од другите списанија коишто излегуваат во Република Македонија. Објавува прилози од повеќе области кои ги афирмираат современите македонски културни вредности, македонската културна...