Македоника Литера

Астрални проекции

Науме Радически


(второ издание – поезија и есеи, тврд повез)


250.00 ден.

140 стр./ 240 x 165

 

        Второ дополнето издание на поетската книга на Науме Радически „Астрални проекции“, којашто брзо се распродаде.

Првото издание беше објавеново 2008 година. Кон песните од оваа книга како поговор е приложен критичкиот текст „Возвишен пев“ на Светлана Христова Јоциќ, а ова второ издание е дополнето со уште еден дел со медитации, лирски есеи и проекции со наслов „Пресоздавање на времето“.

За „Астрални проекции“ може да се констатира дека станува збор за поезија која, очекувано, се препознава, особено ако се имаат предвид претходни поетски дела на Радически – „Контрасти“ и поемата „Преображение Човеково“. Во „Астрални проекции“ станува збор за еден подалекусежен поетско-истражувачки исчекор на авторот, а во однос на претходните книги авторот продлабочува некои поетски идеи и на некои мотивско-тематски рамништа се дорекува. Низ педесетината песни, поделени во неколку целини, поетот Науме Радически ги дорекува, всушност, своите мисловни, а уште повеќе емотивни проникнувања во заумните сфери на животот, на човековото битие и на неговото битисување со умот, односно, несфатливите кругови на просторот и на времето.