Македоника Литера

Потпукнувања

Бранислав Облучар
Потпукнувања
100.00 ден.
          Книгата со лирски записи "Потпукнувања" на наградуваниот хрватски писател Бранислав Облучар во 2011 година ја понесе наградата „Квирин“ за најдобра поетска книга во Хрватска на автор до 35 години.

 

„Потпукнувања“ не е жанровски класична поетска книга, туку поетско-прозна книга, односно поезија во миниесеистичка форма. Облучар испишал прекрасни поетски есеи за секојдневни ритуали и нешта, на кои им ја разоткрива лирската димензија. Приказната и мислата се развиваат и се надградуваат врз искуството од читања на текстови на други автори, создавајќи палимпсестна форма која го носи восхитот од читањето.

Пошепотена

Јордан Даниловски
ПОШЕПОТЕНА
100.00 ден.

Како што е веќе потврдено од литературната критика, лириката на Јордан Даниловски спаѓа меѓу најреткото и најизбраното во мошне богатата ризница на современата македонска поезија.

И оваа книга стихови насловена со „Пошепотена“ уште еднаш го потврдува тоа искуство, кревајќи го својот пев од тмурот и подземот до во превисокото осознавање, до над огледалата на нашето секидневие, постојано клокотејќи низ нотите на јазикот, неговата разложеност и сложеност...

Животница

Олга Арбулјевска
Животница
100.00 ден.

      Оваа книга на Арбулјевска е своевиден лирски летопис настанат во последната деценија и претставува колаж на поетски слики на духовните состојби и поетски рефлексии за битисувањето.

Песните од оваа книга на поетесата сведочат за доследноста и за автентичноста на нејзината поетска вокација и нејзиниот поетски код. Како и во претходните дела од нејзиното творештво, песните се мали ризници на архаични симболи и богата лексика преточени во единствениот...

Возови во пајакова мрежа

Ивица Челиковиќ

ВОЗОВИ ВО ПАЈАКОВА МРЕЖА

100 мкд

      И во својата четврта поетска збирка, Ивица Челиковиќ ја следи творечката преокупација која открива расположенија што извираат од призвукот на една резигнантна филозофија на безизлезот, на трауматичните состојби на современиот подвоен човек.

      Во тој контекст е нагласен стремежот на авторот појдовната инспирација, обраќањето кон едноставните, обични нешта, да го надгради и обликува во една посложена поетска...

Праг и огледало

Ивица Челиковиќ

100.00 ден.

66 стр./ 200x130

Пораките во песните на Ивица Челиковиќ ни ги доближуваат состојбите на едно специфично искуство, се размножуваат во откривањето на феномените на животот и неговата разнородност, станувајќи едновремено достапни онолку колку што е достапен и разбирлив светот што не опкружува. Поетот е соучесник, замешан во убавините и ужасите на светот, упорно трагајќи по духовна слобода и светлина во просторите меѓу хаосот и воспоставената хармонија.