Македоника Литера

Во ѕидот знак

Во ѕидот знак
100.00 ден.

68 стр./ 200x130

И во оваа поетска книга авторот постигнува високо естетско рамниште, со изграден и суптилно функционален симболичко-метафоричен систем и истенчен лирски усет. Сенката и ѕидот со основните симболички нишки врз кои се потпира тој систем.

Сенките се немирни во пукнатините на ѕидовите. Постојано се уриваат ѕидови, но пукнатините и студените празнини и меѓупростори остануваат како неми сведоци за изместениот свет и за драмата на човечката егзистенција – сега и низ столетијата. Тоа се некои од можните прашања кои оваа стихозбирка се обидува да ги иницира. Истовремено потрагата по сопствениот идентитет и внатрешната осмисленост, да се премине од „другата страна на себеси“, продолжува и во најновата поетска книга на Ивица Челиковиќ.