Македоника Литера

Пошепотена

Јордан Даниловски
ПОШЕПОТЕНА
100.00 ден.

Како што е веќе потврдено од литературната критика, лириката на Јордан Даниловски спаѓа меѓу најреткото и најизбраното во мошне богатата ризница на современата македонска поезија.

И оваа книга стихови насловена со „Пошепотена“ уште еднаш го потврдува тоа искуство, кревајќи го својот пев од тмурот и подземот до во превисокото осознавање, до над огледалата на нашето секидневие, постојано клокотејќи низ нотите на јазикот, неговата разложеност и сложеност низ изломеното помнење на прапричините за падот и походите по вознес.