Владимир Илиевски
100.00 ден.
64 стр./ 120x170
Песните во оваа поетската книга, иако мотивски се разнородни, претставуваат цврста поетичка, концептуална и естетска целина, во која авторот на специфичен креативен начин го проблематизира и го анализира односот на поединецот кон средината во кои се проткаени жестоки творечки и животни борби. Наедно, авторот се осврнува на историјата и на минатото, користејќи ги како поттекст во својата поезија. Не може да се занемари фактот што ваквите поетски проблеми тој ги обработува низ призмата на иронијата, што е важно за одредувањето и разгатнувањето на важните од навидум неважните појдовни точки во поетскиот текст. Оваа книга е потврда за сериозниот растеж во рамките на творечките постапки на авторот и креативното продлабочување на третманот на поетските проблеми.