Македоника Литера

Живот за Ботуше

Саво Костадиновски

 150 мкд

 

Книгата содржи лирски медитации или реакции на товарот што го носи носталгијата. „Во разни времиња и невремиња, далеку од родниот крај, пишувањето на песниве го доживував како утеха, посебно во миговите кога ме гушеа носталгии и копнежи... Многу од моите песни ги пишував за да оста­нат како сведоштва..., тие понекогаш ми биле единствена поврзаност со родното село и единствена утеха во миговите кога сум бил оддалечен од него“ – пишува авторот.

Синкаво и други песни

Магдалена Хорват
100.00 ден.

73 стр./ 200x130

         „Синкаво и други песни“ е составена од драмски монолози, чии говорници се статуи, патници, деца, самосвесни жени, старци, набљудувачи и раскажувачи.

Слободниот стих е разговорен и разигран, а сепак дисциплиниран. Успешно се изведени и песните во врзан стих - на пример, сонетниот венец „Тишина“. Тој е еден од трите циклуси во книгата, и заедно со другите два („Синглови“ и „Б-страни“) алудира на музиката. За поетската техника на Хорват...

Ова е таа, твојата

Магдалена Хорват
Ова е таа, твојата
100.00 ден.

Како што пишува Зоран Анчевски во белешката за оваа поезија објавена во книгата, „песните во дебитантската збирка на Магдалена Хорват, се резултат на прецизна, јасна и сконцентрирана поетска потрага по тајните на искуството што може да се пронајде под и зад случајноста на настаните од нашето катадневје, кое се храни од сеќавањето.

Тоа се песни што ги (де)митологизираат детството и младоста; тоа се мудри (иако понекогаш навидум наивни), не...

Ноќна еротска програма

Владимир Илиевски
Ноќна еротска програма
100.00 ден.
           Книгата содржи педесетина песни и е петта поетска книга на авторот. Таа претставува своевидно продолжение на неговите досегашни творечки и естетски погледи и постапки.

Оваа стихозбирка, со своите квалитативни параметри, го потврдува креативниот сензибилитет на авторот којшто досега го манифестираше во неговите претходни поетски книги, а што го вброи меѓу најистакнатите претставници на својата генерација.

Иако мотивски...

Јас, вол. 2 – мравка

Маја Којчева
Јас, вол. 2, мравка
ryrusa.com 200.00 ден.

Книгата содржи повеќе од 70 песни, како и предговор на проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и поговор од проф. д-р Јасна Котеска.

Јасна Котеска пишува: „'Јас вол. 2 – мравка' е мошне инспиративен, продуховен и интересен ракопис поради многу нешта. Во основа поетски, текстот е конципиран како колажен, интермедијален и метатекстовен ракопис, во кој освен прозни парчиња, има и графички интервенции и комплексна структура, која освен со...