Македоника Литера

Синкаво и други песни

Магдалена Хорват
100.00 ден.

73 стр./ 200x130

         „Синкаво и други песни“ е составена од драмски монолози, чии говорници се статуи, патници, деца, самосвесни жени, старци, набљудувачи и раскажувачи.

Слободниот стих е разговорен и разигран, а сепак дисциплиниран. Успешно се изведени и песните во врзан стих - на пример, сонетниот венец „Тишина“. Тој е еден од трите циклуси во книгата, и заедно со другите два („Синглови“ и „Б-страни“) алудира на музиката. За поетската техника на Хорват веќе е искажано мислење дека „и при површно читање е впечатлива музикалноста на стиховите“ и дека „создава ритам близок до модерните музички жанрови“.