Карел Хинек Маха
(поема)
100.00 ден.
Маха бил романтичар, но не од оној тогашен формат, како што пишува чешкиот поет и критичар Јиржи Шотола (во есејот Модерен поет), не бил миризлива душа, не бил распрашувач на илузии.
Не бил фантазер, добро облечен конте којшто седи на балкон загледан во луната. Не бил како Бајрон. За тоа му недостигале пари, возвишени манири и соодветно класно потекло. Маха бил сиромав, потекнувал од сиромашно семејство. Живеел живот на вистински романтичар, и тоа како во однесувањето, така и во облекувањето. Негова голема опсесија било патувањето пеш. Пеш стигнал дури до Венеција. А до светската слава стигнал со поемата „Мај“, во која доаѓа до израз сиот негов романтизам и која се смета за почеток на модерната чешка поезија. Оваа поема до денес остана култна во неговата земја а Чесите сё уште му го слават името.