Македоника Литера

Мамасафари

Оља Савичевиќ Иванчевиќ

100 мкд.

147 стр./ 200x130 

Мамасафари (и други нешта) е книга на афирмирана и наградувана авторка во хрватската литература. За претходната книга Домашни правила ја доби награда за најдобра поетска книга за млад автор „Киклоп“ (и преведена на неколку јазици), а со „Мамасафари (и други нешта)“ беше финалист за истата награда.

 

Оваа книга е необично убава, необично конципирана и овозможува необично поетско доживување, песните во неа се песни-патописи, песни-репортажи, песни-документарци, песни-есеи, песни-приказни, песни-памфлети, песни-бисери... Ова е книга – поетска магија која на убавините им дава трајна вредност. Првиот дел од книгата е напишан на студиски престој во Истанбул, а самата книга претставува извонредна лирска реклама за овој град. Но во книгата има и два циклуса – за семејството и патувањето, кои се вклопуваат во една совршена лирска целина.

Оља Савичевиќ Иванчевиќ (Сплит, 1974) пишува поезија и проза и е меѓу најнаградуваните автори во најновата хрватска литература. Домашни правила и романот Адио каубоју (награда за најдобар роман на Т-портал) веќе се објавени на македонски јазик. Делата на Оља Савичевиќ Иванчевиќ се преве­де­ни на петнаесетина јазици.