Саво Костадиновски
200 мкд.
191 стр./ A5 формат (200x130)
Книгата содржи шеесетина патриотски и родољубиви песни, тематски поврзани првенствено со историјата на Македонија, нејзините историски премрежиња и пресвртници, значајни настани и знаменити личности, како и поговор и белешки на германскиот македонист и славист Волф Ошлис.
Содржината и концепцијата на книгата ги појаснува и авторот во воведната белешка, во која пишува: „Не сум ниту првиот, ниту последниот писател кој напишал и пишува песни за историјата и за војните. Но, сигурно е дека за една толку опширна и значајна тема, не може многу да се каже, освен најбитното. Имено, јас настојував хронолошки да го опфатам периодот од Александар Македонски, па до најновото време. Опфатено е најзначајното од повеќе области, како, на пример: историјата, војните, некои од хероите, просветителите, некои културни дејци, и други теми, кои ги напишав, објавувајќи ги претходно низ литературната периодика.“
Во поговорот Волф Ошлис, меѓу другото, пишува:
„Авторот се сеќава на историјата, културата и судбината на својот народ, историските податоци и настани стануваат предмет на неговото творештво, па затоа трагедијата и волјата за живот на Македонците обработува еден вид на mea res agitur: Станува збор за нешта кои директно ме засегаат! Тоа е добро и потребно во она време кое изгледа заборавено за Македонија, нешто што е в ред или би требало да е в ред.
Дали еден поет може и смее да биде патоказ и показател на својата национална историја? Од создавањето на „Одисеја“ на Хомер поставувањето на ова прашања само по себе е забрането. Но ризикот се состои во тоа што авторот брзо и премногу силно го вовлекува читателот во патиштата и крстосниците на сопствената национална историја, така што му го наметнува поистоветувањето со ликовите и хероите што не ги познава.“