Белутрак

Јордан Јорданоски

100 мкд.

161 стр./ A5 формат (200x140)

      „Белутрак“ е втора поетска книга на Јордан Јорданоски (1947 – 2017), писател и филолог, постхумно објавена од „Македоника“. Содржи 120-тина песни, поделени во седум тематски циклуси.

      Карактеристично за оваа поетска книга е што покрај лирското, нуди големо лексичко богатство, првенствено црпено од архаичната и локалната (дијалектната) лексика. Лексичкиот раскош на книгата произлегува од неговиот однос спрема македонскиот јазик, но и од научната и професионалната вокација на авторот, кој сиот свој работен век го посвети на јазикот и говорот, а и магистрирал и докторирал на теми за изграду­вањето на говорот кај децата и за невролошката основа на говорот и јазикот, односно од областа на говорната патологија.

      Нарачај