Македоника Литера

Небесни стражи

Јовица Тасевски Етернијан
НЕБЕСНИ СТРАЖИ
100 мкд

„Исполнета со крупни, јадри поими и со беспоговорни синтагматски спреги, таа во својата длабина открива висок суптилитет, речиси кревка лирска тантела, небаре пајажина од најчисто лирско предиво.

Тоа се куси и  збити лирски целости во кои сè е прочистено, проветрено и еднаш засекогаш стабилизирано на своето вистинско место. Неговата песна ни се препорачува и со очигледна интелектуална чистовина, со дефинирана позиција во согласност со сопствените лирски длабочини. Таа, бидувајќи песна, во себе неразлачно го содржи и сопственото самоспознание, со што ја открива здравата амбиција да биде убава, но исто така да биде и умна.

Со други зборови, и досега познат како поет со елитистички склоности, со најновата книга `Небесни стражи`, Етернијан потврдува дека своето лирско писмо го адресира пред сè до високата читателска аристократија.“ (Санде Стојчевски)