Македоника Литера

Суровост

  Ивица Пртењача
  
  100 ден.
 

    „Пишувањето на Пртењача сака отворено, со широко отворени очи, да комуницира со времето во кое живее, но во никој случај не сака да се додворува на упростените правила на денешното хрватско книжевно допаѓање од прво читање...

   Се надевам дека во тоа ќе се увери секој што ќе ја земе в раце `Суровост` – книга што со секој свој збор и болно и духовито, сака миговите на нечие можно читање да ги оддалечи од сите видови вакви или онакви суровости на кои сме (и биле и останале) изложени, знаејќи, а можеби и не знаејќи – зашто во голема мера веќе сме свикнале на нив.

Можеби поезијата постои да нè разбуди токму од тој полусон.“ (Делимир Решицки)

    Ивица Пртењача е роден 1969 година во Риека. Студирал кроатистика на Филозофскиот факултет во родниот град. Неговата поезија е преведувана и објавувана во многу домашни и странски списанија, антологии и избори. Добитник е на наградата за книжевност „25 Салон на младите“ во 1998 година во Загреб, а две години подоцна ја добил наградата за најдобра збирка песни на „Квириновите средби“ во Сисак, потоа наградата „Киклоп“ за поетска книга на годината во 2006 година во Пула, наградата „Добриша Цесариќ“ за книгата „Суровост“, како и меѓународната поетска награда на „Ратковиќевите вечери на поезијата“ во Црна Гора, 2010 година. Автор е на поетските книги: „Пишувањето ослободува“, „Ив“, „Земај сè што те смирува“ и „Суровост“, како и на романите „Добро е, убаво е“, кој во превод на македонски јазик го објави „Македонска реч“, како и на драмата „Неделен ручек“.