Македоника Литера

Валкани приказни

Моника Пјонтковска

200 мкд

200 стр., 200 х 140 мм, 2011

  Заедничкиот именител на дванаесетте раскази во „Валкани приказни“ е тематската нишка: подлоста, расипаноста, злобата, суровоста и злото кои можат да се појават во секое време, на секое место и кај секој човек.

   Главните јунаци се различни луѓе кои припаѓаат на различни социјални групи, кои пак застрануваат по лош пат или на некој начин се поврзани со злосторства. Мотивот за нивните постапки е различен. Некогаш тоа е погрешниот поглед кон праведноста, одмаздата или пак немањето каква и да е мотивација. Постапките на главните јунаци наведуваат на размисла за суштината на човечката подлост и на злото. Секој расказ дава нова перспектива за злото, во какви форми може да се појави тоа, има своја шема и шаблон, а крајот е ефективен со изненадување.

   Превод од полски јазик: Анета Тодевска

      Нарачај

Мора да разговараме

Тања Мравак

150 мкд

Награда „Јутарњи лист“ за 2010

 122 стр., 200 х 140 мм, 2011

      „Мора да разговараме“ е дебитантска книга на Тања Мравак, која освен што ја доби наградата на „Јутарњи лист“, веднаш, како ретко која книга во последните години во хрватската литература, доби бројни и позитивни одгласи од критиката.

      Таа е книжевното изненадување во Хрватска во 2011 година, не само со добивањето на таа...

Строго контролирани возови

Бохумил Храбал

150 мкд

104 стр., 200 х 140 мм, 2012

      Заедно со Јарослав Хашек, Карел Чапек и Милан Кундера, Храбал е еден од најголемите чешки писа­те­ли на 20 век и еден од најголемите европски писатели во втората половина на минатиот век.

      Токму „Строго контролирани возови“ е неговото најдобро и најпознато дело, според кое чешкиот режисер Јиржи Менцел го сними истоимениот филм, кој пак во 1967 година е награден со „Оскар“ за најдобар странски филм.

...

Комо

Срѓан Валјаревиќ

300 мкд

   Избран за најдобар роман во регионот во 21 век (2000 – 2016).

  „Комо“ е меѓу најчитаните и меѓу десетте српски романи во едицијата „Сто словенски романи“, наградуван, меѓу кои и со француската награда Prix des lecteurs du Var за 2011 година; пет години по појавата има девет изданија на српски јазик и е преведен на француски, германски, англиски, италијан­ски, словенечки, бугарски, албански, шпански и шведски.

...

Пишувачот

ПИШУВАЧОТ
(на Берхард Шлинк)
Антологија на современа епистоларна проза
Приредувач: Весна Мојсова – Чепишевска

200 мкд

      Во антологијата на современата епистоларна проза „Пишувачот“, приредена од Весна Мојсова – Чепишевска, се застапени: Татјана Кокаљ и Јана Коларич (Словенија), Јопана Шчепковска, Јануш Леон Вишневски, Јежи Сосновски, Хана Ковалевска (Полска), Ренато Баретиќ (Хрватска), Азриел Библиович (Колумбија), Русана Бардарска (Бугарија), Anna Dassialgo / Гордана Влаиќ (Србија), Горица...