Македоника Литера

Пишувачот

ПИШУВАЧОТ
(на Берхард Шлинк)
Антологија на современа епистоларна проза
Приредувач: Весна Мојсова – Чепишевска

200 мкд

      Во антологијата на современата епистоларна проза „Пишувачот“, приредена од Весна Мојсова – Чепишевска, се застапени: Татјана Кокаљ и Јана Коларич (Словенија),

      Јопана Шчепковска, Јануш Леон Вишневски, Јежи Сосновски, Хана Ковалевска (Полска), Ренато Баретиќ (Хрватска), Азриел Библиович (Колумбија), Русана Бардарска (Бугарија), Anna Dassialgo / Гордана Влаиќ (Србија), Горица Нешовиќ (Србија), Јелица Грегановиќ (Словенија), Хуан Хосе Миљас (Шпанија), Хуан Е. Миранда (САД) и Маркос Пико (Мексико). Преводите се на Лидија Танушевска, Соња Должан, Елена Атанасиу, Душко Крстевски и Ѓоко Здравески.

      В. Мојсова – Чепишевска за вој избор на почетокот на книгата пишува:

      „Оваа антологија е еден крајно личен, премногу интимен избор на раскази и фрагменти од романи кои своите приказни ги градат како љубовни писма, преписки и дописки, СМС-пораки, електронски писма и допишувања, како приказни од едно блогерско искуство... Застапените автори докажуваат и покажуваат дека во разните современи дијалошки форми (пејџерски јавувања, електронски писма, СМС, блогерски разговори и допишувања, мудрувања), сепак, не нè отуѓува најновиот тип комуникација, зашто комуникацијата зависи од оние кои ја водат, а не од средствата. Па така, сите овие избрани автори успеале да раскажуваат, опишуваат, ослушнуваат, чувствуваат, сакаат, уживаат, тагуваат... и едноставно да создаваат приказни.

      Читањето нечии преписки е рамно на прислушување нечии интимни разговори и исповеди. Зашто, патот до срцето на читателите води преку текстот. А текстот, особено овој текст развиен како писмо, дописка или преписка, нè носи до најскриените предели на ликот, на самиот автор, на самите себе. Впрочем, писмата скоро секогаш влеваат една неверојатна доверба.“

      Весна Мојсова-Чепишевска (1967, Скопје), по завршувањето на средното училиште, додека студира, работи како презентер и водител во „Македонската Радио Телевизија“. Од 1990 предава група предмети од областа на современата македонска книжевност, a од 2010 ги предава и предметите Светска книжевност за деца и Македонска книжевност за деца на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 2012 година е избрана за редовен професор на истиот факултет. Од ноември 2004 до октомври 2008 година ја обавува функцијата продекан за настава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и надворешен член на советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков”. Од 2002 година до денес работи и како лектор по македонска литература и јазик на „Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура“во Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот славистички комитет.

      Автор е на книгите: „Рацин и експресионизмот“ (2000), „Литера­тур­ни преокупации“ (2000), „Лицето на зборовите“ (2004), „Мал книжевен тестамент“ (2007) и „Игра и симулации“ (2011).

      Се јавува и како приредувач на антологии. „Пишувачот“ е нејзина петта антологија.