Македоника Литера

Песочна планина

Јоана Батор

300 мкд

286 стр./ A5 формат (200 x 140), 2013

     Песочна Планина претставува сведоштво за животот на Песочната Планина во Валбжих. Раскажана е судбината на три жени – баба, ќерка и внука. Приказните за нив почнуваат и завршуваат во различни времиња и места, иако сите се вплетуваат на Бабел, како што локалните жители ги нарекуваат зградите на Песочната Планина. Дејството се одвива во период од половина век – втората половина на минатиот век.

   Во приказните на Батор се кријат грешни љубовни врски, поделен идентитет, несигурност и фатални судбини. Таа смело навлегува во психата на јунаците од Песочната Планина. Раскажано е сè она што човек го помислува, но нема храброст да го каже.

     Превод од полски јазик: Анета Тодевска

      Нарачај

Светлина

Торгни Линдгрен

300 мкд

220 стр. / A5 формат (200 x 140)

      „Светлина“ започнува со страшна епидемија која опустошува едно село на северот на Европа, при што ќе преживеат само неколкумина жители. Болеста со себе ги однесла и сите морални претстави и чувството за правичност меѓу луѓето.

      Селскиот столар Коник се залага за воспоставување ред и законитост. Еден ден во селото доаѓа туѓинец за утврди дали жителите...

Војна со дождалците

Карел Чапек

250 мкд

250 стр./ A5 формат (200 x 140), 2013

  Книгата „Војна со дождалците“ Чапек ја напишал како реакција на опасноста што демнела од фашизмот (1936) и претставува предупредување од која и да е тоталитарна идеологија.

    Овој научнофантастичен и сатиричен роман е деликатесно четиво, зашто е напишан од големиот мајстор на раскажувањето, со извонредна стилска изведба и со читлива и динамична приказна. Чапек овде се покажува како врвен фантаст и сатиричар, инвентивен...

Вода, пајажина

Нада Гашиќ

300 мкд 

360 стр./ A5 формат (200 x 140), 2013

Награда Владимир Назор – за најдобро книжевно дело во Хрватска 

      Романот е награден со две престижни награди: Наградата на Градот Загреб и со највисоката хрватска државна награда во културата – Владимир Назор, за најдобро книжевно дело во 2010 година.

      „Вода, пајажина“ започнува со големата поплава на Загреб, во 1964 година, со драматичен опис на...

Дневник на друга зима

Срѓан Валјаревиќ

200 мкд

194 стр./ A5 формат (200 x 140)

      „Дневник на друга зима“ (2005) на Срѓан Валјаревиќ беше вклу­чен во десетте најдобри романи во југоисточна Европа во 2006 година, а доби и неколку книжевни награди во Србија.

      Валјаревиќ има необична животна приказна. Во ова дело пишува за секој свој чекор на повторното раѓање и проодување по тешка болест, од која станува неподвижен. Главното дејство во рома­нот е оде­њето. Поточно повторното проодување. Оваа про­за е...