Аугуст Стриндберг
300 мкд
Романот „Црвената соба“ (1879) е именуван според ресторанот во кој Стриндберг често се среќавал со своите пријатели новинари и уметници. Главниот лик е Арвид Фалк. Барајќи работа во Стокхолм, среќава алчни прекупци, мрзливи аристократски жени, лицемерни свештеници, недоделкани парламентарни пратеници и цинични издавачи.
Најдобро се чувствува надвор од градот заедно со другарите во „Црвената соба“, кои се исто така во постојана беспарица. Во ова дело на Стриндберг, кое се смета за прв модерен шведски роман, доминира слика на гнило општество – на едно „ткиво од лаги“: општество во кое моќта на парите е тотална, а насекаде се присутни деловните измами и гнилежот на корупцијата. Темпото во романот е брзо, јазикот е силен и богат, сатирата остра и разорна. „Црвената соба“ е рапсодичен, а има и црти на хумористичниот роман. Некои поглавја се врвни сатирични текстови. Кога првпат бил објавен, рецензентите го оцениле како „одвратен и дрзок“, пишувале за скандал-роман.