Македоника Литера

Констанца Ринг

Амалија Скрам

300 мкд

304 стр., А5 (200 х 140 мм), 2015 г.

 

Прочитај извадок

      Контрoверзен и експлицитен, романот им е посветен на сексот, неверството, бракот, правата на жената и моралната хипокризија.

      Во него е раскажана приказна за млада жена – главната хероина, која очајно се спротивставува на силите кои го воспоставуваат животот на жената во едно општeство кое, пак, ѝ нуди малку избори. Во романот Скрам ги изнесува своите беском­промисни ставови за религијата, бракот и двојните стандарди за мажот и жената во тогашното општество.

     „Констанца Ринг“ е првиот роман на норвешката писателка Амалија Скрам (1846-1905), објавен во 1885 година и неодминлив во класичната скандинавска и светска литература.

      Нарачај

Тајната во нивните очи

Едуардо Сачери

400 мкд

264 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

      „Тајната во нивните очи“ на Едуардо Сачери е роман во кој низ очите на главниот лик Бен­хамин Чапаро, судски служ­беник од Буенос Аирес, е рас­кажана приказната која оставила најголема трага во неговиот живот.

      Овој трилер, виртуозно раскажан од Сачери, го прикажува долгогодишното разрешување на еден грозен чин од времето...

Мене никогаш не ме оставаа да зборувам

Исидоро Блајстен

200 мкд

172 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

      „Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ е збирка раскази што ги содржи најпознатите приказни на Блајстен, како што се „Даблин на југот“, „Среќа“, како и раска­зот чијшто наслов го носи самата книга. Тие се извонреден одраз на генијот и раскажувачката виртуозност на Блајстен, како и доказ за вонредниот интелект на авторот.

       За...

Сабо запре

Ото Хорват

150 мкд

124 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

    Романот одново ги поставува прашањата како да се раскажуваат приказните, како да се помести раскажувачкиот глас и да се извести светот за најтрагичниот момент, како да се размести она што се вика живот, изместен од болката на смртта на ближниот.

    Јунакот во романот, кој има автобиографски карактер, ги раздиплува своите сеќавања за...

Мостот на реката Квај

Пјер Бул

250 мкд

190 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

      „Мостот на реката Квај“ (1952) е фасцинантна приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Романот е фикција, но е напишан врз основа на вистински настани.

      Во 1942 година, среде походот низ Азија, на Јапонците им е потребна железница од Бурма кон север, која...