Македоника Литера

ЕДЕН ЖИВОТ

Итало Звево

ЕДЕН ЖИВОТ

300 мкд

      Во „Еден живот“ е карактеристично чувството на пораз и неуспех на индивидуата во нејзините двосмислени односи со општеството – многу корумпирано и без идеали, општество што го притиска и од кое и таа е дел: во кое истовремено е и жртва и угнетувач, предизвикан да се засолни пред сё во сонот отколку да се соочи со реалноста. Овој роман востановува една форма на реализам: превртен реализам, т.е. анализа на општеството однатре, преку кризата на вредности, преку свеста за личноста што таквото општество го претставува.

      Итало Звево (1861-1928) е еден од најзначајните италијански писатели на XX век. Во своите романи дава потресна слика за декаденцијата, граѓанскиот човек и космополитскиот амбиент на родниот Трст. Во неговото творештво, од една страна, доминираат позитивизмот, дарвинизмот и марксизмот, а од друга страна негативизмот на Шопенхауер, Ниче и Фројд. Ги зафаќа длабоките слоеви на свеста и настапува како фројдовски интерпретатор.

      Нарачај