Македоника Литера

Нема слонови во Мексико

Зоран Пилиќ

150 мкд

142 стр. 200 х 140 мм, 2016

      Зоран Пилиќ е раскажувач кој во својата проза посебно внимание ѝ посветува на приказната. Јунаци во тие приказни се малите луѓе од општествените маргини соочени малите нешта кои се од големо и судбинско значење за тие мали луѓе. Станува збор за писател со ори­ги­нален, привлечен и префинет стил со чувство за важното и неиз­го­вореното.

      „Нема слонови во Мексико“, во која се објавени девет раскази, во Хрватска е оценета како исклу­чит­елно интересна и квалитетна книга во која се препознава специ­фич­ниот стил на авторот, за кого се карактеристични темите во кои има и хумористични но истовремено и мрачни места, има и херои и антихерои кои ќе се најдат и во војна и во мир, и во љубов и во страв, има и русокоси словенечки поетеси и осамени чудовишта од влашките легенди... Тоа е книга со луцидни и духовити дијалози, но и со необични јунаци, а авторот се потврдува како искусен раскажувач и сликар кој одлично ги слика ликовите на своите обични и необични јунаци.

      „Пилиќ е мајстор за мрачни приказни, не за мрачни раскази, свесен дека вистината не треба да се препишува, туку од неа да се кондензира најдоброто и да се потцртаат оригиналните литературни решенија. ...Новата книга на Пилиќ може да се опише со една нејзина реченица – `Импровизација, опуштеност и реализација – како на баскет`. Сѐ е многу лежерно, но зад тоа сепак стои јасен и не премногу гласен концепт, накусо – навистина сјајна книга.“ – пишува Јагна Погачник за оваа книга.

      „Книгата ’Нема слонови во Мексико‘ е освежувачка, затоа што излегува од...

Брдо

Ивица Пртењача

150 мкд

116 стр., 200 х 140 мм, 2016

      Главниот протагонист, истовремено и наратор во „Брдо“, поранешен маркетиншки менаџер, ги напушта својата граѓанска егзистенција, промоциите, отворањата на изложби, поканите и говорите за да се искачи на брдото кое доминира на некој јадрански остров и оттаму, од напуштена воена караула, цело лето го чува островот од пожари. Таму, во друштво на остарено магаре, го доживува врвот во својот живот. Ги минува трите најважни, најтажни и...

Птици во устата

Саманта Швеблин

200 мкд

144 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

      Хипнотизирачките приказни во „Птици во устата“ го пробиваат реалното со застрашувачка жестина. Сурови, несекојдневни, необични: чудното напати се наметнува во нив со банално и премолчено сомневање. Кај други, пак, со насилна и неповратна густина, како во кафкански кошмар.

      Наградена со „Каса де лас Америкас“ во 2008 година, оваа книга со 18...

Еден живот

Итало Звево

350 мкд

332 стр. / A5 формат (200 x 140), 2016

      Во „Еден живот“ е карактеристично чувството на пораз и неуспех на индивидуата во нејзините двосмислени односи со општеството – многу корумпирано и без идеали, општество што го притиска и од кое и таа е дел: во кое истовремено е и жртва и угнетувач, предизвикан да се засолни пред сё во сонот отколку да се соочи со реалноста. Овој роман востановува една форма на реализам: превртен реализам, т.е. анализа на општеството однатре...

Еден живот

Итало Звево

350 мкд

332 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

      Во „Еден живот“ е карактеристично чувството на пораз и неуспех на индивидуата во нејзините двосмислени односи со општеството – многу корумпирано и без идеали, општество што го притиска и од кое и таа е дел: во кое истовремено е и жртва и угнетувач, предизвикан да се засолни пред сё во сонот отколку да се соочи со реалноста. Овој роман востановува една форма на реализам: превртен реализам, т.е. анализа на општеството однатре...