Нелја Гулчук
450 мкд.
415 стр./ A5 формат (200x140), 2016
Втор роман на Нелја Гулчук од трилогијата романи за Александар Македонски.
Во овој роман авторката ја раскажува приказната за Александар и за неговото царство преку призмата на еден од неговите најблиски пријатели, војсководецот Селевк, кој подоцна бил основач и управител на истоимената царска династија на Блискиот и Средниот Исток.
Всушност, таа раскажува за периодот на последните години на владеење на големиот македонски владетел и на поделбата на големото македонско царство на неколку помали царства. По смртта на Александар Македонски во империјата почнала борбата за престолонаследник, во која главни соперници станале дотогашните соборци и пријатели на војсководецот Александар – Пердика, Антипатар, Лизимах, Антигон, Птоломеј, Селевк и др.
Гулчук раскажува подробно за текот на сложените и тајни перипетии на учесниците во судирите – довчерашните другари и соборци. Во сето тоа има и многу интриги и борбени и љубовни страсти – кои се покажале како главен инструмент во политиката... Всушност, Гулчук раскажува за еден период од историјата на античка Македонија, како нејзин добар познавач.