Македоника Литера

Само дојди си дома

  Андреј Е. Скубиц

  250 мкд.

  238 стр./ A5 формат (200x140)

 

       „Само дојди си дома“ (2014), кој е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“ за 2015 година, опфаќа многу актуелна и претходно необработена тема во словенечката книжевност: политичките тајкуни и корупцијата.

      Во вителот од настани, кои може истовремено да се читаат како крими-фикција и како драма, критиката препознава и референтни точки од познатиот јавен живот (на пр., аферата Чиста лопата) и на актуелни состојби во Словенија. Ова е амбициозен и неверојатно читлив роман, со рафиниран фокус, динамичен дијалог и со комплексни ликови. Романот е анализа на состојбата на општествениот и на политичкиот морал, но без морализирање; на машко-женските односи во ултракапиталистичкото општество, но без сексизам; и на вонвременските теми како искушението, човечката интимност, општествениот успех и пад.

   

       Леон Берден го губи престижното работно место во адвокатската канцеларија, откако на прес-конференција ги разоткрива нечесните деловни зделки на својата странка. Иако во очите на јавноста станува јунак, самостојната канцеларија што ја отвора му останува релативно празна. Напнатост се појавува и во семејството, поради неговиот пад – грижата за домашните финансии ја презема сопругата, која добива функција на државна секретарка, а тој мора да ја преземе улогата на негувател на ќерката. Покрај сето тоа, Леон се заплеткува и со некогашната соученичка, а сегашна новинарка, која се интересира за вистинската причина поради која доаѓа до прекршувањето на доверливоста кон клиентот.

    Романот е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“. Андреј...

Во темнината

  Ана Болава

  250 мкд.

  228 стр./ A5 формат (200 x 140), 2018

    „Во темнината“ е наградена со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за проза за 2016 година. Романот е лелеава приказна за билките.

    Во него е раскажана приказна за осамена и болна жена која цел живот е зависна од собирање лековити билки. Најголемиот дел од својот живот таа го посветува на собирање, сушење и продажба на билки. Собирањето, сушењето и испораката на лековити растенија за главната хероина...

Сапунот на Леополд Блум

 

Нора Југа

250 мкд

236 стр. / A5 формат (200 x 140 мм), 2018

       „Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што пак не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување.           

       Како и во неколку други дела на Нора Југа, и...

Шумата на обесените

 

Ливиу Ребреану

300 мкд.

270 стр./ A5 формат (200x140)

 

      „Шумата на обесените“ (1922) е класичен психолошки роман за Првата светска војна, во кој авторот го изнесува својот гнев од личните искуства со австроунгарската војска и судбината на неговиот брат Емил Ребреану, офицер во австроунгарската војска, кој бил осуден за шпионажа и дезертерство, а во 1917 година бил обесен.
Во...

Доктор Глас

 

  Јалмар Седерберг

  200 мкд

  140 стр./ A5 формат (200x140), 2018

 

     Во ова ремек-дело на шведскиот класик Седерберг главниот лик е 30-годишен доктор, кој се вљубува во млада и убава пациентка, омажена за стар корумпиран свештеник, кој постојано ја присилувал на сè помалку подносливи „брачни должности“. Кога првпат била објавен (1905), романот предизвикал скандал поради храбриот опис на брачно малтретирање и силување, но и заради контроверзните оправдувања на абортусот, евтаназијата...