Македоника Литера

Сспунот на Леополд Блум

 

Нора Југа

250 мкд

236 стр./ A5 формат (200x140)

       „Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што пак не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување.           

       Како и во неколку други дела на Нора Југа, и ова говори за еротизмот, осаменоста и староста, за сеќавањето и драмите, и последно, но не и најмалку важно, за радоста на пишувањето. Тој нуди слатко-горчлива мешавина на носталгија и хумор, нежност и фрустрација, искреност и преправање се сите состојки кои секогаш го дополнуваат задоволството од читањето на оваа писателка.

       Сметан е за антироман, со антијунак, поточно со преземениот антијунак на Џемс Џојс преку кого „дејствува“ авторката во романските ситуации. „Овој ’Сапун на Леополд Блум‘, дојден од прозата на Џојс, лизгав, без цврста форма, но со мирис, како и самиот роман, образува симболичен елемент, кој спојува сè што е измешано во текстот на Нора Југа. Овој текст е автентичен, педантен и наместа со малку идеологија (дијалогот меѓу поетесата и писателот во кој не е јасен односот на двајцата, повеќе значи игра на идеи), реалистичен, но и со навлегувања во мистичен надреализам, производ на претеран нецензуриран сензибилитет, со крај во еден нејасен егзистенцијализам.“ (Ана-Марија Попеску, Културен опсерваториум, јуни 2007)