Македоника Литера

Ги изеде дождот

  Жарко Милениќ

  150 мкд

  Прочитај извадок

  116 стр., 200 х 140 мм, 2019

     Дејството во романот "Ги изеде дождот" од Жарко Милениќ се одвива во еден мал град каде што се важни правилата на игра, но нив не ги знаат сите играчи. Приказната има саркастични, зајадливи, па понекогаш и трагични елементи. Искривените слики и пародијата истовремено се и блиску и далеку од реалниот свет.

    Милениќ во својот роман се занимава со провинцијализмот, но истовремено и со тоталитаризмот и апсолутизмот. Ги разобличува проблемите и типовите луѓе кои духовно се распаѓаат во малите градови. „Колку и да е суров во тоа, пишува хрватскиот критичар Зоран Маљковиќ, и колку и да боли вистината што ја изнесува авторот, толку и романот е духовит и забавен. Дијалозите се многу реалистични и повеќето од нив може да се сместат во т.н. секојдневни приказни. Ликови (обично со постапките) се многу мунициозно опишани и така доближени до потенцијалниот читател. Структурата на романот е прилично динамична, се менуваат сосема куси раскажувачки отсечки во кои истовремено доминираат духовитоста и иронијата.

   За реалноста во романот на Милениќ може да се каже дека е повеќе искривена отколку фантастична... Романот почнува да ги следи настаните во едно провинциско гратче (Букач), кое е на работ на провинцискиот разум, а завршува во истото гратче сега со друго име (Диклиќево) кое се оттргнало од работ на разумот и сега пропаѓа некаде длабоко, длабоко...“

Ужас и големи трошоци

   Роберт Перишиќ

   200 мкд

   166 стр., А5 (200 х 140 мм), 2019

     Автентична и траагикомична слика за поствоеното општество – за „хендикепираното“ потрошувачко општество во транзиција. Јунаците најчесто се транзициски потрошувачи зафатени од егзистенцијалниот ужас предизвикан понекогаш од видливи причини: војна, страдања, алкохол, сиромаштија, насилство, но многу често и од безнадежноста во секојдневјето.

     По завршувањето на...

Долгата суша

 

   Кинан Џонс

   150 мкд

   106 стр., А5 (200 х 140 мм), 2018

      За својот прв роман „Долгата суша“ (2006) Кинан Џонс е добитник на наградата „Бети Траск“ на британското Здружение на писатели. Во романот е раскажана современа приказна за фармерот Герет и неговото семејство, кои со љубов и емотивна грижа им се посветуваат на домашните животни.

    Сочувствителна, но не и сентиментална, оваа извонредна книга на Кинан Џонс го обработува...

Двозначен

   Стиви Дејвис

   150 мкд

    104 стр., А5 (200 х 140 мм), 2018

      Новелата „Двозначен“ е приказна за Себастијан, син на Џек Месинџер: познат патописец, можен шпион и жртва на убиство. Цел живот Себастијан го прогонува исчезнувањето на татко му, чиешто отсутно присуство и двозначно минато продолжуваат да фрлаат несоборливи сенки врз синот кој мора да се бори и со расцепканата меморија на сё постарата мајка, како и со постепеното губење на партнерот.

...

Можеби заминуваме

   Јан Балабан

   200 мкд

    150 стр., А5 (200 х 140 мм), 2018

    Книгата е наградена со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2005 година и е прогласена за книга на декадата во Чешка (2002 – 2011), како и со наградата на читателите – Книга на годината според анкетата на весникот „Лидове новини“ во 2004 година.

    „Можеби заминуваме“ е книга во која авторот пишува за судбините на сосема...