Македоника Литера

Сè што не помнам

Јонас Хасен Кемири

250 мкд

255 стр./ A5 формат (200 x 140), 2017

      Романот претставува необична приказна за љубовта, пријателството и насилството – која нараторите ја раскажуваат во фрагменти за починатиот пријател Самуел кој и понатаму живее во нивните сеќавања, откако пак неговите блиски доживеале различни судбини.

      Всушност, повеќе животни судбини, исполнети со страв да не го загубат минатото, се судираат со голема брзина во дејствието во романот во денешен Стокхолм. Зад сите гласови за Самуел се насетува некоја личност во бегство од самата себеси.

      Во овој роман на Кемири читателот го доживува исклучително брзиот ритам на современото урбано живеење на бројни нивоа, при што едновремено се нудат низа прашања за цената која ја плаќаат луѓето за да живеат заедно. Секој кој доживува загуба знае дека единствено остануваат спомените зад оној што неповратно исчезнува. Веќе самиот наслов на романот, „Сè што не помнам“ сведочи за силна фрустрација околу меморијата која не може да се контролира. Човек не може на сё да се сеќава. Не може дури ни да биде сигурен дека правилно се сеќава.

      Фрагментарно се раскажува приказната за оние кои имале блискост со главниот лик. Гласовите во романот се менуваат наизменично во покуси или подолги фрагменти. Но, не се нагласува конкретно кој е тој што зборува. На почетокот гласовите се испреплетуваат, но наскоро стануваат појасни и искристализирани.

      Кога Самуел ја среќава Лаиде, својата голема љубов, ќе се смени пријателството меѓу него и неговиот најдобар другар Ван­дад. Авторот ја опишува љубовта меѓу Самуел и...

Лајка

Адријан Алуј Георге

250 мкд

305 стр./ A5 формат (200x140), 2017

      Во романот се раскажува приказна за последните моменти на комунизмот во еден санаториум, додека пред очите на пациентите се одвива Револуцијата. До самиот крај на тоталитарниот период во Романија, менталната болница во Глод служи како скривалиште за поранешни комунистички мачители и активисти повлечени од системот, заедно со пациенти со широка палета на болести, меѓу кои и со лажни заболувања.

      Кучето Лајка е...

Малиот Јоханес

Фредерик ван Еден

150 мкд

144 стр. / A5 формат (200x140)

   „Малиот Јоханес“ (1887) е психолошки и фантастичен роман – авантура за едно обично момче кое ги спознава суровите реалности на животот, како и празните надежи за подобар живот по смртта, но коешто на крајот наоѓа смисла во помагањето на сите околу себе. Приказната изобилува со силна алегорија и симболика.

     Иако се потпира на детската фантазија и, како што...

Мостот на небесата

Ш. И. Хсиунг

350 мкд

332 стр. / A5 формат (200 x 140), 2018

Прочитај извадок

      Романот е социјален, духовит и сатиричен, базиран на реални и вистински историски настани. На извонреден, ненаметлив и мајсторски начин, авторот го запознава странскиот читател со кинеската култура, обичаите, традицијата и општествените настани во периодот од крајот на 19 и почетокот на 20 век, во бурните и драматични настани по кои Кина од царство станува република.

...

Прашај го тато

 

Јан Балабан

200 ден.

160 стр. / A5 формат (200 x 140), 2019

      Романот е награден со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2011 и со Книга на годината во Чешка, 2011 година.

    Романот е речиси автобиографски и речиси пророклив. Кога авторот го завршува пишувањето на романот, завршува и неговиот живот. Раскажувањето е потрага и самопотрага, за времето што поминало и за иднината што ја претчувствува... Мачниот и депресивен тон во...