Амалија Скрам
300 мкд
304 стр., А5 (200 х 140 мм), 2015 г.
Контрoверзен и експлицитен, романот им е посветен на сексот, неверството, бракот, правата на жената и моралната хипокризија.
Во него е раскажана приказна за млада жена – главната хероина, која очајно се спротивставува на силите кои го воспоставуваат животот на жената во едно општeство кое, пак, ѝ нуди малку избори. Во романот Скрам ги изнесува своите бескомпромисни ставови за религијата, бракот и двојните стандарди за мажот и жената во тогашното општество.
„Констанца Ринг“ е првиот роман на норвешката писателка Амалија Скрам (1846-1905), објавен во 1885 година и неодминлив во класичната скандинавска и светска литература.