Македоника Литера

Перјаница

Маријан Пилот

250 мкд

      Романот е добитник на најпрестижна книжевна награда во Полска НИКЕ, за 2011 година.

      „Перјаница“ е прекрасен роман со необична приказна. Јунакот потекнува од семејство на селски сиромашни луѓе и крадци. Неписмениот татко е затворен поради

кражба на таблата во училиштето. Неговиот син (јунакот во романот) и мајка му ја бараат правдата. Парадоксално, но неопходноста за пишување молби кај синот раѓа одреден култ спрема пишаниот збор. Симболичниот подарок од татко му – украдено перо со златно перце – ја одредува неговата подоцнежна судбина.

„Перјаница“ е дело напишано со оригинален речник, гротескност и огромна стилска текстуална разновидност. Авторот умешно ги користи своите животни случувања и искуства да исплете автобиографска фабула поврзана со селото и селскиот живот во Полска по Втората светска војна.