Македоника Литера

Темно, речиси ноќ

Јоана Батор

300 мкд

448 стр./ A5 формат (200x140)

Награда НИКЕ 2013

      Прочитај извадок

      Алиција, позната новинарка, која работи за еден од најголемите весници во Варшава (главниот јунак во овој роман), се враќа до својот роден град Валбжих да направи репортажа за трите исчезнати деца.

      Краткото враќање дома во неа ќе ги разбуди старите убави, но и болни сеќавања од своето минато. Во овој град Алиција ќе тргне во потрага по исчезнатите деца, но и во потрага по самата себеси. Ќе ги открие тајните за нејзиното семејство, за својата мајка Ана и за сестра ѝ Ева. Романот е полн со шаренолика јазична стилистика која ни ги доловува атмосферата на Валбжих и карактерот на неговите жители преплетени со историски елементи поврзани со овој град.

      „Темно, речиси ноќ“ е роман исполнет со мрачни делови, но исполнет и со магија – во  него се појавуваат два сосема спротивни магични ентитета, мачкарките како чувари од злото и мачкојадите како уништувачи на доброто. Овој роман е роман за злото, но и за доброто, за темнината и светлината, за постојаната борба меѓу нив.

      Нарачај