Македоника Литера

Додаток за фотоалбум

Владислав Отрошенко

 

250 ден.

154 стр., 200 х 140 мм, 2024

 

Фасцинантна приказна за една куќа во која живее семејството на чичковците родени со бакенбарди, раскажана со суптилен хумор, двосмисленост и со виртуозно преплетување на фантазмагоријата, митот и реалноста, па затоа и не случајно е наречена „најфантазмагоричната семејна хроника напишана на руски јазик“.

Без динамичен заплет, без неочекувана серија на настани, но и без ниту една излишна слика или детаљ, авторот со својот специфичен наративен пристап и со динамичниот и жив јазик ни создава прилично јасна слика за една парадоксална безвременска реалност, но при тоа остава простор и за личната фантазија на читателот. Нестандардниот магичен реализам или поточно магичниот постмодернизам го прави романот да „изгледа како магична кутија исполнета со изненадувања и авантури“, но и како еден повеќедимензионален и мистичен свет.

Италијанската славистка Надија Каприољо вели дека „големата куќа“ прикажана во романот со неистражени сали, со непробојни простории и ходници е „архетипот на фантастичната Русија, која никогаш не се променила од времето на Гогољ“. „Пишувајќи магично и реалистично во исто време, кое маѓепсува со своите слики, често далеку од човечката логика, и со каскадни дигресии“, пишува таа, „Отрошенко раскажува еп за „роднините со бакенбарди“. Таа укажува на филозофските и онтолошките аспекти на романот, особено на посебниот систем на наративно време, верувајќи дека писателот успеал да ја прикаже „Русија, фиксирана во атемпоралниот простор“. („Ла Стампа“)

Венко Андоновски во поговорот на романот:

 Отрошенко пародира не само наративни конвенции, туку и цели...

Романски народни приказни

Петре Испиреску

600 ден.

422 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.

Многу генерации романски деца растеле и сè уште растат со приказните на Петре Испиреску. Тој е исто што и Марко Цепенков за Македонците, браќата Грим за Германците, Х. К. Андерсен за Данците, Шарл Перо за Французите.

На страниците на оваа книга се оживеани кралеви и кралици, принцови и принцези, храбри херои, чудесно убави самовили, змејови и ламји, вештерки, маѓепсници, маѓепсани животни и секакви други чудни и незаборавни ликови. Во...

Конформист

Алберто Моравија

500 ден.

304 стр., А5 (200 х 140 мм), 2024 г.

 

 Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Алберто Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа. Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката подготвеност да се потчини на менталитетот на конформизам и послушност во потрага по „нормален живот“, овој голем мајстор на стилот пишува возбудлив наратив...

Таласа

Александру Македонски

250 ден.

130 стр., А5 (200 х 140 мм), 2024

 „Таласа“ е роман што наликува на идила како пасторалата од античко време „Дафне и Хлоја“ од Лонг и која кореспондира со античките митски времиња, но измешана со елементи на вдахно­вена лирска инспи­рација и со модерни процеси и состојби. Александру Маке­донски овој роман го извел во стил на прозна песна и во манир на симболите на старата поезија, но и со филозофски пев. „Таласа“ врзува многу нишки од изворите на старата и...

Јас не сум прељубница

Лиу Џенјун

500 мкд

296 стр., 200 х 140 мм, 2025

 Оригиналниот наслов  на „Јас не сум прељубница“ е „Јас не сум Пан Џјинлиан“. Пан Џјинлиан е познат лик од кинеската книжевност – таа е најпознатата прељубница во историјата на кинеската книжевност. Англискиот превод на насловот на овој роман е „Јас не го убив маж ми“, а на филмот снимен според овој роман – „Јас не сум госпоѓа Бовари“.

Лиу Џенјун (1958) е кинески...