Македоника Литера

Прегорување

Петр Шестак

250 ден.

126 стр., 200 х 140 мм, 2025

Овој краток роман е фрагментарен монолог од курир кој вози велосипед низ градот, доставувајќи храна до оние кои се посреќни и поуспешни од него. Тој е современ работник, извршител на услужни работи, доставувач на нарачки на платформа, а себеси се смета за претприемач. Тој нема шефови над себе, но тиранијата на шефовите е заменета со тиранијата на алгоритмите. Нема шефови, но нема ниту перспектива некогаш да стане шеф. Сè додека може физички да работи, тој ќе заработува само за живот. Курирот никогаш не заработува доволно за да слезе од велосипедот.

Нараторот им се обраќа директно на читателите со силно ритмички јазик што потсетува на возење велосипед, апелирајќи во второ лице, провоцирајќи, задевајќи ги, принудувајќи ги да заземат некаков став против тоа што се кажува. Човекот е повлечен на улица каде што води секојдневна борба за живот. Во секојдневниот сообраќај, малиот незаштитен велосипедист се чувствува како животно притиснато во агол, тесно опкружен со возила што се движат со голема брзина и можат да го згазнат во секој момент. Против автомобилите и кон нивните возачи се насочени неговата растечка фрустрација и гнев. Неговиот свет е поделен на два непомирливи табора: „јас“ наспроти „ти“, „велосипед“ наспроти „автомобил“.

„Прегорување“ од Петр Шестак е добро оценето и прифа­те­но од литературната критика и од читателите и беше во најте­сен избор за највисоката книжевна награда во Чешка „Магне­зија литера“ во категоријата проза за 2024 година. Романот е современ, темата е урбана, стилот и нарацијата се на високо ниво, а приказната е алегорична, повеќеслојна и го одразува мигот на современиот поединец во динамичното и егзистен­ци­јално секојдневие.

Превод од чешки јазик: Наталија Тоневска Каровска