Македоника Литера

Имот

Федериго Тоци

200 ден.

174 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

   Со овој роман со кој Тоци влезе во историјата на италијанската литература, а критиката го споредуваше со Кафка и со Достоевски и се смета за значајно дело на италијанската литература од првите децении на 20 век. Во „Имот“ тој го опишува светот на немирот, неспокојот и стравот предизвикани од контактот со реалноста којашто е заканувачка, мрачна, агресивна.Тоа е свет составен од трауми, отворени рани, длабоки повреди на личноста, каде што несовесните личности се подложни на влијанија и се однесуваат нелогично и со несвесни импулси.

Тоци раскажува интригантна и смела приказна. Во романот „Имот“, Федериго Тоци се обидува да се наврати, иако без да ги негира неговите претходни иновации, на потрадиционалните стил и форма. Делото на Федериго Тоци го открива вкусот на најдобрата италијанска фантастика. „Имот“ завршува телеграфски, но страниците што го подготвуваат крајот на делото ѝ припаѓаат на големата литература.

Никогаш на врвот

Паоло Коњети

200 ден.

116 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

   Книгата „Никогаш на врвот" oд Паоло Коњети е патописна проза  за негоите патешествија до најголемите земјени височини. На Хималаите. Раскажува топло и детално за тоа како планинарот ги балансира волјата, напорот и болката предизвикани од планината, како се зборува со тибетско куче, како пејзажот станува драма за телото и за духот, зашто Хималаите не се предел во кој се навлегува лесно: тие се жива планина, населена...

Биро за проверка

Александар Архангелски

400 ден.

366 стр./A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

    Награда „Бољшаја книга“ – втора награда, за 2018 година. 

   Дејството на романот се вклопува во само девет дена од јули 1980 година, се одвива на територијата на Москва, при што Александар Архангелски, без никаква трага на носталгија или одвратност кон таа советска ера, многу успешно ја доловува атмосферата од тоа време. И токму во тие девет дена, додека Москва ги слави и ги живее деновите на Олимписките игри...

Леонардо да Винчи и неговото време

Атле Нес

650 ден.

296 стр. / Б5 (240 х 170), 2021 г.

Прочитај извадок

   „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес, е книга во која тој за Леонардо да Винчи раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата личност. Нес на импресивен начин го опишува...

Катерина, Велика и Мала

 Оља Кнежевиќ 

350 ден.

256 стр. / A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

   „Катерина, Велика и Мала“, кој е победник на конкурсот за необјавен роман на издавачката куќа ВБЗ од Загреб во 2019 година, е хрватски бестселер. Тој е храбар и жесток роман. Авторката пишува директно, без задршка, без предрасуди и со страст за многу женски теми и дилеми, а посебно отворено за растењето, за љубовта, за сексот, за љубовните и за брачните врски.
...