Далибор Шимпрага
250 мкд.
286 стр./A5 формат (200x140)
Награда „Т-портал” за најдобар роман во Хрватска во 2008 година Роман со неколку паралелни приказни, едната директно поврзана со Македонија, а во другите секогаш се наѕира темата Македонија...
„Немам `роднински` врски со споменатите места, романот не е автобиографски. Мене ми беше важно приказната во еден дел да има врска со Македонија, значи, не со некоја неименувана словенска земја на Балканот. Македонија нам од словенскиот запад може да ни изгледа архаична земја во најдобра смисла на зборот. Па во романот делумно и претставува таква кулиса за исто така архаична љубовна приказна“ вели за својот роман Шимпрага.
...Горан Каневски, историчар на уметноста, сака да биде слободен а да има редовен сексуален живот... но таа врска станала кафез од кој тешко се излегува... Кај него се урива сиот свет... Одењето во Македонија, земјата на неговите предци, со што и кулминира „Анастасиа“, од темел ќе го промени неговиот живот...