Македоника Литера

Во што се вљубувамe

Роман Симиќ

250 мкд.

181 стр./A5 формат (200x140)

Награда „Јутарњи лист” за најдобра прозна книга во Хрватска во 2005 година

      Книга за сладокусци, за читатели со вкус за висока естетика. Сè уште меѓу најчитаните во Хрватска, преведена на неколку јазици.

      Книгата содржи несекојдневни возбудливи приказни за љубовта, за растењето и семејниот живот, за градското секојдневје и за изненадувачките настани кои на јунаците во овие раскази им ја менуваат сликата на нивниот живот. Тоа се приказни за љубовта без која не е можно, а со која не е ни лесно. Во исто време, овие приказни, исполнети со љубовни копнежи и сцени на патење поради љубовта и неисполнетоста, раскажуваат за тоа како почнува љубовта и кога завршува таа.

      Во овие раскази за љубовта и таинственоста, меланхолијата и нежностите, копнежите и потрагите по возможен мир секогаш се открива напрегнатост која им дава посебна сила и драматургија. Тоа се раскази со впечатлив стил со силна психолошка основа.

      „Во што се вљубуваме е силна, мрачна и главно безнадежна книга. Единаесетте раскази на Симиќ меѓусебно многу се разликуваат, така што читателот на крајот има впечаток како да прочитал почетоци на единаесет различни книги. Ги поврзува авторскиот ракопис на Симиќ, некоја дополнителна елеганција на тагата“  - пишува Миљенко Јерговиќ за оваа книга.

      „Роман Симиќ во конкретен и препознатлив простор го испишал она што најдобро го работи: мала раскажувачка хроника на меѓучовечките односи. Мајстор на дијалогот и атмосферата, а најмногу прецизен аналитичар на неизговореното, писател кој не бега ниту од силна емоција. Роман Симиќ во расказите во оваа книга на занимлив начин ни покажува сè што се крие во премолченото.“ (Зоран Фериќ)

      Нарачај