Македоника Литера

Во главата на Бруно Шулц

Максим Билер

150 ден

56 стр., А5 (200 х 140), 2023

 

Во новелата „Во главата на Бруно Шулц“ Максим Билер раскажува приказна за големиот еврејски писател Бруно Шулц. Во оваа магична, трагикомична, бурлескна новела, тој ни нуди патување до полскиот град Дрохобиц, во светот на Бруно Шулц, во 1938 година. Нè води во подрумот каде што Бруно Шулц, кој работи како гимназиски професор по уметност и сонува за писателска слава во Европа, му пишува писмо на Томас Ман. Тој се надева дека светски познатиот писател ќе може да му помогне да најде издавач во странство – тогаш конечно би имал причина засекогаш да ја напушти својата клаустрофо­бична татковина. Меѓутоа, знаците на претстојната апокалипса се непогрешливи, му го одземаат сонот и го хранат неговиот придружник – стравот. Во умот на Бруно Шулц се појавува визија за крајот на светот, предвидувајќи го тоа што, всушност, ќе се случи потоа во окупираната Полска.

Максим Билер (1960) е наградуван писател, белетрист, новинар, колумнист, литературен критичар и денес најпознатиот еврејски интелектуалец во Германија. Приврзан е за традициите на централноевропското, а посебно на еврејското творештво. Неговите текстови често ги отвораат прашањата за припадноста, идентитетот, семејството и љубовта, вината, антисемитизмот и наследството на нацисоцијализмот. Неговиот литературен пристап е понекогаш полемичен, понекогаш горко лут, но секогаш хумористичен и луциден. Билер е шокантно искрен, пишува со очигледна елеганција и без да угодува, туку непоколебливо да ги разоткрива и именува. Неговиот стил на пишување е колку поетски, толку и провокативен, интелектуално предизвикувачки и длабоко трогателен.

„Во главата на Бруно Шулц“ наиде на одлични...

Се викам Селма

Селма ван де Пере

350 ден.

202 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

„Се викам Селма“ е неверојатна мемоарска книга на една Еврејка, жена борец на Отпорот во Холандија, која преживеала нацистички кампови и логори. Кога избувнала Втората светска војна имала само 17 години. Тоа што била Еврејка дотогаш не играло никаква улога во нејзиниот живот, но наеднаш станало прашање за живот и смрт. Користела лажен идентитет и ги преживеала воените ужаси и мачеништвата во логорите. За тоа време никој не знаел дека...

Неразбудениот

Ранко Матасовиќ

250 ден.

188 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

„Неразбудениот“, е роман со автобиографски елементи, хрони­ка на загрепското поднебје и хрватското општество од 1920-тите до 2000-тите години. Животот на Радован Маретиќ, главниот јунак на овој роман, е опишан низ погледите на луѓето од неговата околина – семејството, пријателите, соработниците, љубовница­та… Секој од нив додава по едно камче во мозаикот кој го создава ликот, кој ја создава личноста. Авторот вешто го крие сезнајниот...

Дожд во Париз

Роман Сенчин

500 ден.

364 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

„Дожд во Париз“ е психолошки роман. Многумина добиваат желба да избегаат од неуспеси и пресврти или од сивилото во коешто живеат. Некои луѓе треба само да одвојат малку време за да ги вратат работите во нормала. За некого целосната промена на сценографијата нема да биде доволна – секогаш ќе има нешто што нема да дозволи да биде одвлечен од минатото...

И покрај националните пресврти...

Доставувачот на пораки

Лиу Лиангченг

600 ден.

386 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.

    Романот „Доставувачот на пораки“ (2019) е егзотична, мистериозна и филозофска авантура на доставувач на пораки и магаре. Во него има многу фантастични елементи, и честопати се наведува читателот да се запраша каде е границата меѓу реалноста и заумноста, дали воопшто постои. Има и пасторални и филозофски елементи, а авторот го опишува односот меѓу луѓето и магарињата, односно најголемиот дел од приказната тече од магарешка, а помал...